Постарите се сеќаваат: Мостот во Прилеп на чие место денеска се наоѓа кружен тек

Ќемерлија мостот поврзувал две страни на еден дел од градот во близина на местото на кружниот тек кај бензинската пумпа кај Здравствениот дом. Се помни дека бил урнат пред повеќе од шест децении.

Мостот бил со калдрма. Минувале многу граѓани. Граден е од камен, со “тунел”, висок четири метри. Под него се провирала арабаџиска кола со сено.

Имало и две “тунелчиња”, за итање на Дабничката река која била бистра и минувала низ чисто корито. Пливале пајки и гуски на соседите.

Во близина била куќата на Вејкрповци. Имало и постар дуќан за грнчарија, бардиња, на мајсторот Гиче. Во близина живеел духовитиот Турчин Ибуш, кој ги смеел луѓето со мајтапи.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.