Денеска во присуство на Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, беше поставен камен темелник за 10-метарски крст над населеното место Новоселани- прилепско.
На 800 метри надморска височина, од каде се гледа поголемиот дел од долненска општина и прилепско поле, ќе се постави крст висок 10 метри, 7 метри широк и тежок 2 тона.
Идејата и финансиите за ова монументално свето дело, се од Владо Глигороски, наш сограѓанин, кој е родум од Новоселани, а живее во Прилеп.
Местото каде ќе биде поставен крстот беше копано на 28-ми август, за големиот христијански празник Голема Богородица.
Семејството Глигороски не го криеше своето задоволство, што ќе се оствари нивниот сон да ја продолжат традицијата на македонскиот народ, што од век и векови се негува преку поставување и изградба на крстови, цркви, манастири…
На семејството и нивните најблиски им посакуваме бериќет, радост, здравје и исполнување на сите желби, а нивниот спомен нека биде вековен.