После 32 години прилепската болница доби нов ЕХО-апарат за доенчиња – Уште еден резултат на одличното менаџирање во изминатата година (ФОТО)

Одличното менаџирање во прилепската болница во изминатата година дава огромни резултати. Голем број фирми и организации во изминатиот период со скапи донации придонесоа за значително подобрување на здравствените услуги, но и за воведување на нови услуги кои досега не им беа на располагање на граѓаните од Прилеп и соседните општини. Најновата донација е од шведската хуманитарната организација “HAND TILL HAND” која денеска во болницата ја предаде Претседателката на организацијата, Г-ѓа Марија Росенберг.

Станува збор за ултрасонографски ЕХО апарат наменет за скенирање на целиот мускулно-скелетен систем, за потребите на одделението за ортопедија.

“Со овој апарат ќе се овозможи скрининг за рано откривање на развојно пореметување на колковите кај доенчињата уште од двомесечна возраст на детето, по што следуваат контроли на 4, 6, 9 и 12 месеци.

Овој метод за првпат е воведен во медицинската пракса во Австрија од страна на Проф. Рајнхард Граф во 1983 година, а потоа и во некои други европски земји. Во нашата здравствена установа овој скрининг метод, прв почнал да го практикува Примариус Д-р Трајче Бошкоски во 1989год., само 6 години подоцна од воведувањето во европската медицинска пракса.

Во 1993 година, во рамките на ортопедско-трауматолошкото одделение при општа болница “Борка Талески” – Прилеп, поточно во ортопедската амбуланта при ова одделение, почнал со работа кабинет за детска ортопедија со ЕХО-кабинет за детски колкови, со нов ЕХО-апарат што бил јапонска донација, а кој се користеше до денес, или вкупно 32 години.

Во последните три години, реализирани се вкупно 3525 ЕХО-прегледи на колкови кај доенчиња, или околу 100 прегледи месечно.

Денес, со новиот ЕХО-апарат донација од, ќе продолжиме со постојаната пракса за следење на развојното пореметување на колковите во доенечка возраст, како за општина Прилеп, така и за соседните општини и други околни општини, преку закажани термини од страна на матичните доктори преку “Мој Термин”, истакна Д-р Кире Јоноски, специјалист ортопед и директор на прилепската болница.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.