Во саботата на 31 август, се одржа четиринаесеттото изданине на веќе традиционалната меѓународна манифестација “Поетско Маркукуле”.
Оваа година настанот не можеше да се одржи на Марковите Кули и во предвидениот термин (првата половина на aвгуст) поради тоа што библиотеката „Борка Талески“ во последен момент (буквално во 5 до 12) се откажа од организацијата на настанот.
За да не замре оваа манифестација, организацијата ја превзеде Клубот на литературни творци Прилеп и успеа да организира многу успешна манифестација со рекорден број на пријавени учесници (79) и голем број на гости.
На настанот своја поезија, покрај поетите од цела Македонија, читаа и двајца поети од Србија, двајца од далечна Австралија, од Шведска и т.н.
За жал, поради технички и финансиски причини, манифестацијата се одржа со задоцнување од дваесетина дена и на летната сцена на НУЦК Марко Цепенков.
Сепак, ентузијазмот на организаторите Андриана Ристеска, Цветанка Глигорова и Тони Павлески како претставници на Клубот на литературни творци беше голем, па настанот успешно се одржа.
По повод пак три годишнината од cмpтта на иницијаторот на “Поетско Маркукуле”, Љубен Димкароски-Димкар, организаторот му врачи плакета на неговото семејство.