После Џамбазов и Весна Петрушевска Бејби му го покажа јазикот на Бугарите (ВИДЕО)

Популарниот Игор Џамбазов на својот инстаграм профил во негов стил ги демантираше Бугарите кои тврдеа дека македонскиот јазик непостоел.

Како не постои, вели Џамбазов. Еве ви го…

Освен Џамбазов предизвикот го прифати и актерката Весна Петрушевска Бејби која исто така им го покажа јазикот на нашите соседи.

Видеото од Весна погледнете го ТУКА

Инаку вчера на пладневната седница Бугарската Академија донесе одлука, која очигледно ја следи насоката на бугарскиот политички врв – дека македонскиот јазик е бугарски дијалект.

Бугарската Академија на Науките воопшто не се ни труди и да негира дека нивниот денешен став е „реакција“ на т.н. декларација на Бугарскиот врв која беше претставена на почетокот на Октомври годинава, во кој Бугарската Влада директно го негираше постоењето на македонскиот јазик и инсистираше на историска амнезија на нашите граѓани, тврдејќи дека тие никогаш не биле фашистички окупатори во Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.