Жителите на главниот град на Ирак, Багдад, денеска се разбудија со поглед што го немаат видено одамна, бидејќи нивниот град беше покриен со снег.
Ова е еден од ретките моменти во кои Ирачаните уживаа во фотографирање со снегот, а децата си играле во парковите покриени со снег.
На градскиот плоштад Тахрир, епицентарот на протестните движења, демонстрантите за момент застанаа пред своите шатори за да уживаат во снежните врнежи.
Последен пат во Багдад снег паѓал во 2008 година.