После Талат и Ковачевски ќе оди во Украина да му даде поддршка на Зеленски?

Премиерите на Македонија – Димитар Ковачевски и на Албанија – Еди Рама ја прифатија идејата на нивниот црногорски колега Дритан Абазовиќ, заеднички да го посетат главниот град на Украина, Киев, пишува црногорскиот весник „Вјести“ повикувајќи се на сопствени извори.

Украинскиот претседател Волдомир Зеленски во четвртокот во телефонски разговор го поканил Абазовиќ да го посети Киев, по што црногорскиот премиер ја покренал идејата за заедничка посета со останатите премиери на државите од Западен Балкан кои се членки на НАТО.

„Како што најави, Абазовиќ ќе ја покрене идејата за заедничка посета на Киев со премиерите од Западен Балкан, пред сè со НАТО-членките од регионот, со цел да се испрати силна и едногласна порака за поддршка на суверенитетот и интегритетот на Украина од Западен Балкан“, соопштиле вчера од кабинетот на Абазовиќ, за што „Вјести“ пишува дека веќе има согласност од Ковачевски и Рама за да реализира ваква посета.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.