После расправија соседот го попрскал и го запалил: Ова се деталите од МВР за хopopoт во Прилеп

На 11.04.2020 во 17.00 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека во гаража на ул.„Никола Карев“ во Прилеп бил пронајден починат М.К.(66) од Прилеп.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека околу 16.30 часот М.К. и неговиот сосед Д.С., започнале расправија, а Д.С. го испрскал М.К. со непозната течност.

Потоа М.К. влегол во гаражата и по кратко време, неговата сопруга В.К. забележала чад од гаражата, по што го пронашла М.К. паднат на подот, без знаци на живот.

Пожарот бил изгаснат, а од лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Првично соседи за Маркукуле истакнаа дека починатиот самиот се полил и запалил.

(Видео) Маж се самозапали во гаража на улица “Никола Карев” во Прилеп




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.