После подолго време дизелот паѓа под 80 ден. за литар: Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ

Значително поевтинување на дизелот од полноќ, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика. Тие на седницата одржана денеска одлучиле од полноќ цената на дизелот да се намали за 2,5 денари по литар. Цената на бензините нема да се промени.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 78,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.