После многу години пристигна првиот товарен воз од Солун во Скопје (ВИДЕО)

Во време кога се одбележувуа една година од железничката врска меѓу Солун и Ниш, капетанијата на грчкото пристаниште најави нова контејнерска блок-возна линија помеѓу Солун и Скопје кон крајот на август.

Според соопштението, солунската капетанија ги проширува своите активности во двата града, зголемувајќи го своето присуство во секторот на интермодални услуги и обезбедувајќи им на потрошувачите сигурни, ефикасни и еколошки одговорни транспортни решенија.

Ова е стратешка одлука наменета за подобрување на поврзаноста на Солунското пристаниште со нациите од поширокиот простор на Балканот и Југоисточна Европа, се вели во соопштението на грчкото пристаниште.

За прв пат денеска после долги години во Скопје, пристигна првиот воз во „Блу Бел”, едно од најголемите логистички центри за транспорт и шпедиција во Македонија.

„Блу Бел Складиште“ е релативно нов логистички центар во Скопје, воедно и единствениот контејнерски терминал во границите на Македонија кое располага со површина од 41.332 м2, железничка пруга од 799 метри и капацитет за сместување на 915 TEU контејнери.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.