После македонскиот, Бугарите тврдат дека и српскиот јазик потекнува од бугарскиот (Видео)

Бугарската академија за наука објави книга во која се наведува дека бугарските корени на јазикот се наоѓаат во кралството од Дунав до Гевгелија, и од Копаоник до Тимок, Пчиња и Охрид. За тоа Здружението СПОНА од Македонија ја известило Српската академија на науките и уметностите да реагира.

За српската телевизија “ТВ Прва”, Виктор Савиќ од Институтот за српски јазик и катедрата за српски јазик на Филолошкиот факултет во Белград, вели дека српскиот јазик како и сите словенски јазици потекнува од прасловенскиот и дека во времето кога се формирал, Бугарите сеуште не биле Словени.

Савиќ вели дека Бугарите дошле подоцна од Србите на Балканот и дека припаѓале на турската група на народи, како и некои други номади кои поминувале во овие краишта.

-Словените кои се нашле во тој период на територијата на Бугарија во тој момент се асимилирале и почнале да се идентификуваат како Бугари, додека српскиот идентитет се формирал исклучиво како српски, вели Савиќ.

“Српскиот народ не живее само во Србија и тој не е увезен на територијата на Босна и Црна Гора, туку тој е тука со векови”, вели Савиќ.

Целото негово гостување на оваа тема проследете го во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.