Самир Љума и Фејми Даут снимателите на филмот номиниран за Оскар ,,Медена земја‘‘, ja добија престижната награда за најдобра кинематографија за документарен филм која ја доделува Асоцијацијата на кинематографери на Америка.
Самир Љума и Фејми Даут всушност се првите кои ја добиваат оваа награда која асоцијацијата ја воведе од оваа година, а доделувањето се одржа во Долби театарот во Лос Анџелес.
При подигнувањето на наградата Љума изјави:
“Да се биде овде со најдобрите од најдобрите, каква чест! Ви благодариме! Ние сме од Македонија, земјата домаќин на најстариот фестивал за кинематографија “Браќа Манаки”. Оваа година ќе се одржи 42-то издание на фестивалот”.