АНА-МПА, државната новинска агенција на Грција, објави реакција со која побара коментаторите на македонскиот национален сервис да го користат официјалното државно име кога настапува македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство.
– Натпреварот го пренесува државната телевизија на Северна Македонија, „МРТ“, кој има права за емитување на ЕУРО 2020 во земјава.
И покрај фактот дека „МРТ“ се финансира директно од државниот буџет на Северна Македонија (не од реципрочен надоместок) и затоа, според Договорот од Преспа, тој мора да го користи официјалното име на земјата, при преносот на натпреварот го стори токму спротивното.
Двајцата коментатори на натпреварот постојано зборуваа за „националноста на Македонија“ и ја нарекуваа земјата „Македонија“.
Во никој случај тие не зборуваа за „државјанин на Северна Македонија“ во текот на целиот натпревар, ниту го користеа новото име на земјата, „Северна Македонија“, реагираат од новинската агенција АНА-МПА.