После две години пауза влезе во игра и погоди, а тимот славеше како да освоил титула: Емотивна сторија (Видео)

Играчот на холандскиот тим Утрехт, Симон Макенок, вчера после 2 години пауза настапи за својата екипа против Ексцелзиот и постигна погодок во победата од 4:1.

Иако погодокот на Макенок беше постигнат во 90-та минута кога натпреварот беше веќе добиен, неговите соиграчи се радуваа како да го освоиле првенството.

Симон во 2017 година од дански Брондби дојде во Утрехт, а се повреди на натпреварот против Лех Познањ и заработи кинење на лигаментите на коленото, па поради бавно заздравување паузираше цели 12 месеци. Само што се врати наредната сезона и одигра само 3 натпревари, тој одново се повреди и паузираше нови 12 месеци.

Затоа синоќа после постигнатиот погодок Мекенок се расплачи после постигнатиот погодок.

Погледнете:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.