После ангажманот на искусните Горан Кузманоски, голманот Зураб Цинцадзе и крилото Реваз Чантурија денес Прилеп се засили со млад и надежен прилепски ракометар.
Денеска беше потпишан договор со младиот ракометар Сашко Манчески.
Станува збор за голем талент на градот Прилеп, се надеваме во иднина и на македонската репрезентација.
Манчески беше ангажиран по иницијатива на Горан Кузманоски кој ги препозна неговите квалитети и способности.
Манчески е млад ракометар роден 2003-та година, доаѓа од екипата на Рк Макалоски, игра на позицијата кружен напаѓач и се разбира дека ќе биде освежување и од големо значење за тимот на Прилеп.