После бурниот период време е за релаксација: Елена Велевска ги зеде децата и замина на плажа (ФОТО)

На фолк-пејачката Елена Велевска и требаше бегство од драмата која ја преживува откако откри дека поднела барање за развод од сопругот, поради семејно насилство кое го трпела со години.

Таа е активна на социјалните мрежи и не ги остава следбениците и обожавателите во љубопитност за тоа што прави и што и’ се случува деновиве.

За да се опушти од напорниот период, таа заедно со децата замина на море, а од плажа објави неколку фотографии на кои изгледа одлично.

Морето, сонцето, плажата и секако љубовта на најмилите е она коe веруваме дека ќе ја нахрани со сила и позитивна енергија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.