Родителите ширум светот им даваат на своите деца имиња инспирирани од коронавирусот. По раѓањето на близнаците Корона и Ковид, се појавија стотици други примери на креативни и бизарни имиња што несреќните деца ги добија во последните неколку недели, пренесува huffpost.com.
Така, во Индија, по Корона и Ковид, се роди Sanitazer (Средство за дезинфекција).
Се чини дека создавањето на бизарни имиња поврзани со корона најмногу е присутно кај Индијците, затоа што таму се родило и момчето , што го добило името Lockdown (Карантин).
Една двојка на Филипините не можела да одлучи дали почетокот на годината е повеќе обележан со смртта на Коби Брајант или коронавирусот, па го именувала нивниот син Ковид Брајант.
Постојат и такви помалку бизарни имиња кои исто така се поврзани со несреќата што ја зафати планетата. Имињата што значат „виножито“ се повеќе популарни, како и кратенките од Карантин и Пандемија , Тина и Деми.
Едно од поубавите имиња што родителите го даваат овие денови е секако Patience (Трпеливост).