Последно збогyм за прилепскиот театарски доајен, колегите се збогyваа со легендарниот Аџи Јанкула

Колегите и пријателите на легендарниот прилепски актер Трајче Иваноски за последен пат се збогуваа со него.

Денеска во вториот дом на Иваноски, театарот “Војдан Чернодрински” се одржа комеморација во негово име. Меѓу присутните беше и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Иваноски почина вчера на 76-годишна возраст. Кај прилепчани ќе остане најпознат по улогата на Аџи Јанкула во безвременските “Солунски патрдии”, но и по голем број други улоги во театарот, ТВ драми и ТВ серии.

Зад себе имаше 40-годишно искуство на сцената, со приближно одиграни 300 претстави. Како што ќе запишат критичарите во неговиот богат и плоден театарски опус влегуваат поголем број на сложени и стожерни (главни) актерски ролји реализирани во дела како од домашниот репертоар, светска драмска класика, така и од современата драматургија. Бројката на неговите главни ролји е голема а за дел од нив има добиено и престижни награди. Негови драги, главни и забележани ролји се:

Ликот на Протасов во пиесата „Деца на сонцето“ Креонт во „Антигона„ Агатон во „Нажалена фамилија“ Аџи Трајко во „Бегалка“ Горчин во „Скок преку кожа“ потоа Златан во „Робот и Агата“ Евросим во „Црноборје“ Шандебиз во „Мушички во главата“ Борис поп Стафанов во „Мацедонише Цуштенде“од Јордан Плевнеш, Букара во „Хамлет од Мрдуша“, Големанов во истоимената претставата „Големанов“. Неговата драга улога на Аџи Јанкула во комедијата „Солунски патрдии“ на Миле Попоски. Рампо Рајатоски во претставата „Не сега драга најдобро е поладне“ а со оваа улога влегол како гостин актер во драмски театар во истоимената претстава. Гостин актер бил и во битолскиот народен театар. Потоа улогата на професор Павлович во „Собирен центар“ , Киро во претставата „Полковникот птица“…

Како куриозитет може да се забележи дека во првата претстава со која за првпат е отворена сцената на домот на културата „Марко Цепенков“ е со претставата „Коштана“ во режија на Петре Прличко. Во оваа претстава Прличко ја толкувал и главната улога на ликот Митке, а како алтернација со Петре Прличко, Трајче Иваноски ја толкува истата улога.

Ова е мал дел на улоги а останати улоги ги има остварено во претставите „Манги пијат чај“ „Туѓо сакаме свое не даваме“, „Колобан„, „Аресниј“, „Силјан штркот“, „Спиро Црне“ „Опера за три гроша“ „Молам за секс“ , „Антица“,„Светилникот“, „Рибарски караници“ претставата „Од кол на кол“ во режија на Коле Ангеловски која што воедно е и претстава за одење во пензија достигнува над сто изведби гледаност. Со претставата, дуодрамата, „Залив“ од Ги Фоази во режија на Коле Ангеливски, Иваноски прославува 30 години работа на сцена.

Играше до последно, до пред извесен период, во претставите „Лажговци“, „Глембаеви“ , во приватниот театарски проект дуодрамата „Мендо и Мајло“.

Учествувал и играл во голем број на ТВ драми, ТВ серии меѓу кои е детската серија„ Втора смена“ „Волшебното самарче“,„Итар Пејо“ како и ТВ серијата „Солунски патрдии“ но и повеќе радио-драмски остварувања. Посебно го негува рецитирањето со кое што настапува на многубројни градски и републички манифестции.

Награди и признанија:

-Прва награда на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ за млад актер во улогата на Златан во претставата „Робот и Агата..

-За најдобра машка главна улога за ликот на Горчин во претставата „Скок преку кожа„ во режија на Бранко Гапо на татарскиот фестивал Војдан Чернодрински-Прилеп

-Главна машка улога за ликот Протасов во претставата „Деца на сонцето“ во режија на Илија Милчин на фестивалот Војдан Чернодриснки -Прилеп, За Креонт во „Антогона“ во режија на Благоја Дамски на фестивалот „Војдан Чернодрински „.

– Во 2003 год на меѓународниот фестивал на комедија во Корча, Р.Албанија ја добива главната награда за најдобро актерско остварување за улогата на професор Павлович во претставата „Собирен Центар“ .

– Во 2016 год повторно на фестивалот во Корча добива нарадата за монодрамата „Јас Илија Шаторот“.

-Во 2011 година ја добива наградата за животно дело на фестивалот „Војдан Чернодрински“-Прилеп .
Добитник е и на наградата 3- Ноември што ја доделува Собранието на град Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.