Актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е заеднички кандидат на владејачката коалиција СДСМ – ДУИ, дознава Медијал.мк од извори внатре во коалицијата. Името на Спасовски било избрано на синоќешниот состанок помеѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ, Али Ахмети.
Се чини дека сите други кандидатури спаѓаат во вода. Спасовски е роден во Куманово, а во биографијата се забележува дека бил пратеник во Собранието на предвремените парламентарни избори одржани во декември 2016 година. Од 2001 до 2005 година работел како советник на градоначалникот на Куманово.