Скопјани на 31. октомври ќе одлучат дали главниот град на Македонија одново после далечната 1948 година ќе го предводи жена.
На 31.октомври скопјани ќе гласаат во вториот круг од локалните избори и ќе избираат помеѓу актуелниот градоначалник Петре Шилегов од СДСМ и независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска.
Првиот круг речиси убедливо со 7.000 гласови разлика го доби Арсовска, а очекувањата се дека истото ќе се потврди и во недела.
Ако Данела победи на 31. октомври ќе биде само втората жена градоначалник на Скопје. Главниот град за прв и единствен пат досега го предводела Вера Ацева во далечната 1948 година.
Ацева која е родена во прилепско Оревоец, го предводела главниот град една година, а потоа станала министер за земјоделство.