Последен ден да поднесете барање за субвенции за инвертер клими во општина Прилеп!

Врз основа на Информација од Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејно тело со инвертер, Градоначалникот на Општина Прилеп го издава следното:

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ/НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА НАБАВКА НА ГРЕЈНИ ТЕЛА СО ИНВЕРТЕР ЗА 2025 ГОДИНА

Се известуваат граѓаните на Општина Прилеп дека ЈАВНИОТ ПОВИК за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците за набавка на грејни тела со инвертер за 2025 година, објавен на 17.02.2025 година, се прекинува заклучно со 26.02.2025 година поради исполнување на предвидениот број на барања и реализација на планираните финансиски средства. Комисијата ќе ги разгледа барањата доставени до 15:30 часот заклучно со ден 26.02.2025 година.

По завршувањето на постапката, Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање ќе изготви финална листа на граѓани кои го остваруваат правото на субвенционирање/надоместување на дел од трошоците. Листата ќе биде објавена на Веб-страницата на Општина Прилеп (www.prilep.gov.mk) и на огласната табла во Општина Прилеп.

Општина Прилеп им се заблагодарува на сите граѓани за искажаната заинтересираност и учество во јавниот повик.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.