Поскапуваат бензините: РКЕ ги соопшти новите цени

Регулаторната комисија за енергетика ја соопшти својата одлука бензините да поскапат за половина денар, а цената на дизелот останува непроменета.

Согласно најновата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 48,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 50,50ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 06.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 33,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,136 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 20,106 ден/кг.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.