Дел од учениците од ООУ „Климент Охридски“ и припаднички на понежниот пол од УЗ „Рид“ ја посетија Општина Прилеп и се запознаа со работата на голем број одделенија на локалната самоуправа.
Тие ја посетија големата сала на општинската зграда, едношалтерски систем, инспекторатот, секторот за урбанизам, архивата, секторот за општо-правни работи, одделението за финансии, раководителите на одделенијата, Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, секретарот, шефот на кабинет на градоначалникот, а остварија и средба со градоначалникот Марјан Ристески во неговиот кабинет.
Целта на ваквите посети е што е можно повеќе граѓани да се запознаат со работата на локалната самоуправа, проектите, и секако да дадат свои идеи и да постават прашања на кои локалната самоуправа редовно одговара. Исто така целта е да се одржува транспарентното работење на општината кое што е на доста високо ниво.
Општина Прилеп ги реализира проектите „Отворен ден за граѓаните“ и „Денот на идеи“ од кој што пак произлегоа голем број на проекти кои се реализирани во градот.