Општина Прилеп продолжува со своето транспарентно и отчетно работење пред граѓаните. Денеска нова група на граѓани ја посетија зградата на локалната самоуправа каде се запознаа со работата на сите одделенија во Општината, како и со работата на градоначалникот со кого остварија и средба во неговиот кабинет.
Со своето работење во изминатиов период Општина Прилеп докажа дека е една од најтранспарентните општини во Македонија. Токму за ова придонесуваат проектите „Отворен ден на граѓани“ како и „Ден на идеи – Идеја плус за подобар Прилеп“ кои започнаа да функционираат од 2011 година.
Од започнувањето на овие проекти досега Општина Прилеп ја имаат посетено неколку илјади граѓани, ученици, пензионери, спортисти, уметници, членови на разни невладини организации и голем број други граѓански здруженија кои секој ден бараат прием во општината.
Со проектот „Отворен ден на граѓани“ граѓаните се запознаваат со работата на локалната самоуправа и со работата на градоначалникот, а додека пак проектот „Ден на идеи – Идеја плус за подобар Прилеп“ наиде на огромен интерес кај граѓаните, каде тие ги предлагаат своите идеи за подобар Прилеп. Токму од овој проект излезени и реализирани се идеите : изградба на кино, спортски справи на Могилата, рајската градина исто така на Могилата, разни проекти поврзани со инфраструктурата, организација на повеќе настани, приредби и манифестаци.