Поречието има свој современ Марко Цепенков: Млад автор ги собра сите народни обичаи, песни, приказни… од овој крај

Oд печат излезе првиот публицистички труд со наслов “Културата и традицијата на поречката заедница” од авторот Бојан Бежоски.

Книгата го опиштува начинот на живеење на поречаните во 21 век и е плод на седум месечно теренско истражување на авторот.

Во книгата се опфатени народните обичаи, народните песни, народните приказни, народните верувања, народната медицина, погребни ритуали и многу други записи, а сето тоа е поткрепено со фотографии.

-Ако Полскиот антрополог Јозеф Обрембски во неговите записи од 1932 година ни кажува како живееле поречаните, мојата книга кажува како живеат поречаните 90 години подоцна – вели авторот Бежоски.

Книгата е печатена во издавачката куќа Дата песнопој Битола. Издавач е Илија Мерковски. Книгата е публицистички труд.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.