Порасна бројката на лица во самоизолација во Прилеп, поднесени 4 кривични пријави за непочитување на полицискиот час

Бројот на лица кој заклучно до вчера се во самоизолација во Прилеп изнесува 183, а на едно лице му е поднесена пријава бидејќи излегувал надвор од неговиот дом.

За истото лице се разгледува и можноста да биде префрлен во државен карантин во Пепелиште кај Неготино.

Досега четворица прилепчани добија кривични пријави за непочитување на полицискиот час.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.