Поранешната потпретседателка на СДСМ: “Со Велико Трново во науката- напред!”

Поранешната потпретседателка на СДСМ и професор Ана Павловска Данева со остра критика до министерката за образование Мила Царовска.

– -Со Велико Трново во науката – напред!
Ова е веќе сериозен напредок во подигањето на квалитетот на високото образование и наука во Македонија, пишуваа таа на Фејсбук, споделувајќи ја објавата со наслов „ЧЕСТИТО НА БУГАРИЈА“: ВЛАДАТА ОДОБРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД ВЕЛИКО ТРНОВО ДА ОТВОРИ ФИЛИЈАЛА ВО МАКЕДОНИЈА.

Инаку, на денешната 71-ва седница, Владата ја усвои Одлуката за одобрение за вршење на високообразовна дејност на странска високообразовна установа – Великотрновскиот универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Република Бугарија, на територијата на Македонија.

Ваквата одлука на Владата на РСМ пред неколку дена, на бугарското Национално радио, ја најави ректорот на Великотрновскиот универзитет – проф. Христо Бонџолов, кој изјави дека имал телефонски разговор со премиерот Зоран Заев во кој му била потврдена информацијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.