Ниту еден авион од типот Боинг 767 не удри во кулите Близначки како што лажно тврдат медиумите и властите. Таквиот судар физички е невозможен од неколку причини, наведува поранешниот пилот на ЦИА, Џон Лир.
Лир потпишал писмено признание дека кулите близначки не се соборени така што авионите се судриле со нив. Според неговото мислење, официјалната приказна за тоа дека двата авиони ги собориле кулите е „физички невозможна“.
Откако рускиот претседател Владимир Путин наведе дека ќе објави сателитски фотографии што докажуваат дека кулите близначки се уништени со „контролирана експлозија“ по се изгледа ќе биде поништен официјалниот извештај на комисијата за 11-ти септември.
Писменото признание е сериозна работа и важи за „правна вистина“ доколку не биде побиено. Сега противниците на тероијата на Лир треба да ги претстават своите докази ако сакаат да ја побијат неговата изјава.
Доколку не го направат тоа, владата на САД ќе мора да признае дека официјалниот извештај на Комисијата за 11-ти септември не бил вистинит.
Инаку, Лир не е било кој пилот. Тој е внук на основачот на Леарџет, Бил Лир. Тој е пензиониран воздушен капетан и поранешен пилот на ЦИА кој управувал со повеќе од 100 различни авиони во текот на 40 години активно летање. Тој има повече пилоткси сертификати од било кој друг сертификуван пилот. Тој летал во Азија, Африка, Источна Европа и на Блискиот Исток.
Со други зборови, Лир добро се разбира во летањето и во авионите. Ако тој рекол дека авионите не ги срушиле кулите близначки, тогаш тоа со сигурност е така. Еве што напишал и потпишал во неговото признание:
Ниту еден Боинг 767 не удрил во кулите близначки како што лажно тврдат медиумите и властите. Таквиот судир физички не е возможен од неколку причини.
Во случај на вистински удар авионот би почнал да се врти кога неговиот преден дел ќе удреше во челичните столбови на кулата.
Потоа би дошло до одвојување на вертикалниот и хоризонталниот опаш на авионот и до нивно паѓање на земја. Моторот на навионот би го задржал својот облик за време на ударот и би бил најден меѓу остатоците на срушената кула.
Ниту еден Боинг 767 неможе да оствари брзина од 810 км/час на 300 метри надморска височина. Моторот едноставно неможе да го издржи густиот воздух при толкава височина и брзина.
Дел од трупот на авионот со 3-4 отвори на прозорците неможел да го преживее ударот во челичниот столб на кулата на бзрочина од 800 км/час.
Голем број делови од авионот требало да паднат на земјата затоа што неможеле да поминат низ масивните челични столбови на кулата, вклучително и 3 те јадра на моторот со вкупна тежина од 4, 5 тони, што неможеле да исчезнат туку така.
Не е возможно авионот во целост да исчезне при судирот, вели Лир.