Пред 11 години цел Балкан занеме откако одекна веста дека Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа.
Деталите за животот на човекот со ангелскиот глас и насмевка не престануваат да ја интересира јавноста, а ова е жената која се смета дека била неговата единствена вистинска љубов. Манекенката Благица и Тоше се запознале во 1998 година.
Нивната врска траела до почетокот на 2002 година, поради притисокот од неговата популарност тие двајца се разделиле. По неговиот евровизиски настап во 2004 година, повторно се смириле, па повторно прекинале… Врската ја завршиле во 2006 година.
Сепак пријателите на Тоше Проески велат дека тие двајца секогаш биле во контакт, и дека Тоше секогаш и оставал карти за сите негови концерти. Нивните пораки и денеска се во неговиот телефон.
А кога телохранителот на Тоше Проески рекол дека постои една девојка која најмногу ја сака и која ден-денеска оди на неговиот гроб, на која и ги посвети песните, со која секаде оделе заедно и за која сите знаеле, сите ја препознаваа Благица.
Иако Андријана Будимир беше последна девојка на Тоше за која јавноста дозна, но неговите блиски велат дека неговата вистинска љубов останала Благица.
Таа, пак никогаш не сакаше да зборува за Тоше, а најтешките денови ги помина со неговата мајка Доменика.
– Знам дека јавноста сака да знае детали за мојата љубов со Тоше, но ниту еднаш до сеа не сум дала интервју и не сум ја открила нашата приватност. Тоа и така ќе остане засекогаш, рела Благица за медиумите во 2014 година кога воедно и соопшти дека става крај на манекенската кариера.