Денеска во Прилеп околу 270 жени членови на неколку пензионерски здруженија и жените од женската организација “Преродба” го прославуваа “Осми март” меѓународниот ден на жената.
На нивната заедничка прослава тие му приредија топло добредојде со песна на градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески и порачаа: “Денес од прослава идиме пред “ЛИПА”, каде ќе ја поддржат иницијативата “За заедничка Македонија”.
Градоначалникот им го честиташе празникот и им посака здравје, среќа, љубов, како и понатамошна поддршка за Здружението на пензионери од Прилеп.
А.Г.