ПОРАКА ДО БОЈКОТИРАЧИТЕ, ДИЈАСПОРAТА И ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА: Името се решава во институциите, јас сум Гордана Силјановска и немам политички багаж

По појавувањето на едуциран кандидат како Река, албанските гласачи се спротивставија на тргување со гласови.

Името се решава во институциите, јас сум Гордана Силјановска и немам политички багаж.
Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, презадоволна од резултатите, рече дека предноста во гласови што ја има Пендаровски во првиот круг е занемарлива.

За 15 месеци да изгубите 40 проценти од гласачите е длабока криза на легитимитетот. За мене ова беше како „исправи се Делфина“, тоа е одличен влез во вториот круг.

Силјановска не стравува за цензусот во вториот изборен круг, но е зачудена зошто се уште не е тргнат со оглед на тоа дека Венецијанската комисија три пати ѝ препорачува на Македонија да го тргне цензусот, етно-политички пазар од вториот изборен циклус.

Со оглед на ниската излезност, таа се осврна на апстиненцијата.

Може да се гледа од повеќе агли. Факт е дека таа е далеку поголема во албанските средини, јасно ни е зошто. Бидејќи по појавувањето на граѓански ориентиран, едуциран кандидат како Река, албанските гласачи се спротивставија на тргување со гласови. Исплашија многу граѓани кои не излегоа на изборите. Јасно е како се однесува оваа власт кон администрацијата. Непознат феномен е во кампања за претседателски избори да учествуваат министрите и премиер, тие ја прегазија линија меѓу партијата и државата и партијата ја направија држава, рече Силјановска во вечерашното гостување во вестите на Сител.

Таа верува дека цензусот ќе биде постигнат во вториот круг и државата нема да влезе во уште една политичка криза.

Јас мислам дека ќе имаме цензус, иако дел од граѓаните не сакаат да излезат заради името, како што се приврзаниците на Бојкотирам, а кон нив се приклучи и дијаспортата, но имам намера да разговарам со нив, да им објаснам дека проблемот се решава внатре во институциите. Ќе ги повикам да гласаат на изборите. Ќе ги повикам и разочараните од СДСМ, оние од Шарената револуција, кои можеби не се за ВМРО-ДПМНЕ, ама ова се претседателски избори, јас сум Гордана Силјановска без политички багаж и мислам дека можам да бидам новина во политичкиот живот. Разликата е занемарлива, можеби загрижуваат неважечките гласови, рече Силјановска.

Силјановска ги повика гласачите да го заокружат бројот пред нејзиното име на 5 мај.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.