Пораз на социјалдемократите на изборите во Германија: Ултрадесничарите АФД се втора партија!

Германскиот канцелар Олаф Шолц, лидер на Социјалдемократската партија (СПД), ги опиша изборните резултати како „горчливи“ за неговата партија, нарекувајќи ги „пораз“.

Излезните анкети покажаа дека СПД е на третото место, освојувајќи меѓу 16 и 16,5 отсто од гласовите.

Обраќајќи им се на поддржувачите во Берлин, Шолц рече дека ова е моментот „во кој мора да признаеме дека сме ги загубиле изборите“.

Тој потсети дека СПД на претходните избори постигна подобар резултат за кој тој беше одговорен, додавајќи дека овој резултат е полош и дека тој лично е одговорен и за тоа.

Шолц му честиташе на Фридрих Мерц, лидерот на конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) кој се очекува да биде новиот германски канцелар.

Според неофицијалните резултати засега демохристијаните имаат 29%, втора партија се ултрадесничарите АфД со 19,5%, Социјадемократите на Шолц 16%, Зелените 13,5%.

Денешните избори во Германија се оценети како најважни после Втората светска војна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.