После поразите во првите две кола од Првата фудбалска лига, Победа доведе две нови засилувања во своите редови.
Првото име е 22-годишниот Нигериец Амос Губам Дадет, кој во редовите на црвено-белите од Прилеп пристигнува од словенечки Кршко. Дадет е играч од средината на теренот каде се очекува да донесе сигурност и брзина.
Вториот е исто така од Нигерија, а ќе настапува на позициите во нападот. Амасихоху Џејмс Акугбе има исто така 22 години, а во минатото настапувал за белгиските клубови Остенде и УРСЛ.