Податоците покажуваат дека за една година се затворени 14 училишта, објави ДЗС.
Бројот на ученици во редовните основни училишта на крајот на 2022/2023 година е намален за 1,4 проценти, а бројот на ученици во средните училишта за 3,9 проценти во однос на претходната учебна година, покажуваат податоците објавени од Државниот завод за статистика.
Според статистичките податоци, во учебната 2022/2023 година во основните училишта имало вкупно 182.245 ученици, а во средните училишта 66.678 ученици.
Податоците покажуваат дека за една година се затворени 14 училишта.