Поради фотографија со Ердоган Германците го “растурија” Озил, а тој откажа да игра за националниот дрес

Играчот на Арсенал откажа да игра за националниот состав на Германија.

Како причина Озил во својата изјава го истакна третманот кој го добивал од Германската Фудбалска Асоцијација, па поради тоа повеќе нема да го носи дресот на Германија.

Озил истакнал дека тој бил обвинуван за неуспехот на Германија за слабиот настап на Светското првенство во Русија.

Во мај, Озил беше критикуван откако се фотографираше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на еден настан во Лондон.

На настанот фудбалерот бил со својот колега од германската репрезентација Иклај Гундоган, со кого имаат турско потекло.

Озил вели дека тој Гундоган зборувале со претседателот на тема фудбал.

После тоа, фотографијата била објавена од владеачката партија на Турција и била искористена во изборната кампања во државата.

На тоа голем број германски политичари ставиле сомнеж во лојалноста на Озил И Гундоган кон германските демократски вредности.

Озил изјави дека би покажал непочит кон турскиот лидер доколку не позирал пред фотографите заедно со него.

Фудбалерот исто така истакнал дека тој и неговото семејство добиле голем број мејлови полни со омраза, закани преку телефонски повици и коментари на социјалните мрежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.