Поради почеток на градежни активности на патот Прилеп – Битола, воведен е нов режим на сообраќај

СВР Битола ги известува граѓаните дека поради започнување со изградба на патниот Коридор 10Д на делница Прилеп – Битола од страна на изведувачот Бехтел Енка, од вчера 08.10.2024 година, согласно сообраќајниот проект за времено одвивање на сообраќајот при изградба на Коридор 10 Д, се воведе посебен режим на сообраќај.

Временото одвивање на сообраќај на овој патен правец значи пренасочување на целиот сообраќај од Магистралниот пат А3, на Регионалниот пат Р1101, односно од клучката кај с.Тополчани до с.Алинци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.