Најдобриот играч на Португалија, Кристијано Роналдо најверојатно ќе помине пет месеци надвор од терените.
Вчера дел од медиумите објавија информација дека Роналдо поради повредата во финалето на Европското првенство одржано во Франција најмалку еден месец ќе биде надвор од терените, но ден подоцна алармантни информации стигнуваат од Мадрид.
Извештаите од Шпанија, но и од португалските доктори, велат дека при повредата дошло до парцијална руптура на предниот вкрстен лигамент, што доколку се потврди ќе значи пауза од 5 месеци за Португалецот.
Потврдата на ваквата повреда значи дека Роналдо покрај Супер купот на Европа, ќе го пропушти почетокот на шпанската лига, но и Лигата на шампионите.