Поради пандемиjaта 15-от јубилеен “Божиќен ручек” ќе се одржи на поинаков начин: Детската амбасада и оваа година ќе израдува 500 дечиња

Поради пандемиjaта пpeдизвикана од кopoнавиpycoт, оваа година ќе изостане традиционалната манифестација “Божиќен ручек” во Прилеп. Настанот кој е во организација на “Детската амбасада за сите деца во светот”, требаше да се одржи по јубилеен 15-ти пат.

На заедничко место седнуваа и се дружеа над 500 деца од целата држава, деца без родители, децата на загинатите бранители, децата со посебни потреби, деца од семејства од социјален ризик како и деца членови на Детската амбасада. Заеднички секоја година го празнуваа и се радуваа на Христовото раѓање – Божиќ.

Но, организаторите на достоинствен и хуман начин ќе го одбележат овој јубилеј.

“И во време на пандемија која му пркоси на светот, ние, со поддршка од Вас, нашите пријатели, пријателите на децата, не сакаме да дозволиме Божиќните трпези да останат празни за нашите деца. Поради неможноста од физичко присуство, оваа година нашите активности се насочени повторно да внесеме радост во детските срца и да ја предизвикаме таа најмила детска насмевка на малите лица, со тоа што ќе испратиме пакетче и ланч пакет во домовите на 500 деца од најзагрозените целни групи, како: деца без родители, деца со пречки во развојот, деца болни од церебрална парализа и деца од дисхармонични социјално-загрозени семејства. Целта и значењето на овој настан се мотив за нашата посветеност кон единството на децата, сплотени под едно небо, без никакви разлики по верска, етничка, јазична, или било која определба на децата. Традицијата по 15ти пат ќе го потврди нашето посветено делување за нашите најмили, за нашата иднина – децата. Децата се само деца. Едно небо за сите деца”, се вели во дописот на “Детската амбасада за сите деца во светот”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.