Поради недостиг на вода, од денеска ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп ги стави во употреба бунарите

Поради недостиг на вода од денеска ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп ги стави бунарите во употреба. Сооппштението од јавното претпријатие во целост го пренесуваме во продолжение:

-Во изминативе неколку денови се соочувавме со недостиг на потребните количини на вода кои пристигнуваат од изворот Студенчица поради намалената издашност на изворот предизвикано од летниот сушен период. Но, исто така на ниво на град зголемена е потрошувачката на вода што не е очекувано за овој период од годината. Овие причини предизвикаа нарушување на водоснабдување на градот (посебно во повисоките зони). Со цел да се обезбедат количините на вода кои се потребни ЈКП”Водовод и канализација”Прилеп од денес ги стави во употреба дел од бунарите со цел да може да се нормализира водоснабдувањето во сите делови од градот. Но, исто така искрено замолуваме сите да се однесуваме совесно и рационално во користењето на пивката вода!

Инаку, деновиве голем број граѓани, особено од повисоките делови на градот, се пожалија на социјалните мрежи дека или немаат вода, или притисокот е целосно намален.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.