Популарни песни кои биле користени за измачување на затвopеници

Иако вкусовите на музиката се разликуваат од личност до личност, постојат неколку песни кои се прилично универзално омразени – на пример што било од Џејмс Блант или пак тој што ја лансираше Crazy Frog во нашите животи против наша волја.

Но, има дури и голем број на песни кои се сметаат за толку болни за слушање што наводно се широко користени во амбиент за мачење, од поп и хеви метал до… тематски мелодии од детски ТВ емисии.

Како што беше наведено од „Њујоркер“ пред неколку години, концептот на музика што поттикнува вojна не е ништо ново, а датира уште од времето кога „трубите се огласија на ѕидовите на Ерихон“ во Библијата.

Истиот медиум споделува детали за тоа како се измачувани затворениците во Гвантанамо. Имено, тие биле оставани во темни простории и им се пуштале различни мелодии и популарни рап, хеви метал песни, како и песни од детски емисии.

Според „Гардијан“, песните кои наводно ги користела американската војска во логорите вклучуваат материјали од „Металика, AC/DC, Drowning Pool and Deicide, хип-хоп суперѕвездата Еминем, Брус Спрингстин, британскиот пејач и текстописец Дејвид Греј и многу други.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.