Во својата фудбалска кариера , прилепчанецот Јорданчо Наумоски секогаш е наклонет на својот матичен клуб и секогаш за својата Победа и покрај тоа што моментно го носи дресот на кавадаречки Тиквеш. Така беше и за време на разговорот во програмата во живо на “РАДИО ПЕЛА” со спортскиот новинар Никола Димески.
Наумоски ја даде подршката на црвенобелата армија бидејќи знае дека Победа полека ќе се врати онаму каде и е местото , но тој напомена дека Победа треба да игра на градскиот стадион , а не на стадионот на Могила. Жалосно е вели тој да се “кршат” нозете на овие млади играчи кои сега ги поседува прилепскиот клуб на стадион кој не им прилега на нивната кариера во фудбалот.
Сега, популарниот Оцко е член на Тиквеш од Кавадарци а и со својот клуб ќе разигрува за влез во елитното друштво кај нас. Наумоски вели дека слична е подршката на Лозарите за Тиквеш како и на Мајмуните за Победа , со верба , желба , и страст за своите пулени.
За неговата фудбалска кариера, но и за многу фудбалски пикантерии погледнете ТУКА.