Пописот ги стопи Македонците, ги накоти Албанците? Oва се бројките

Државниот завод за статистика ги објави резултатите од пописот. На церемонијата одржава во Македонската филхармонија присуствуваше целиот државен врв.

Од вкупниот број попишани граѓани, резидентни и нерезидентни, Македонци се 54,21 %, Албанци, 29,52 %, 3,98 % Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи. Само 3. 500 граѓани се изјасниле како Бугари.

– Ја изразувам својата огромна благодарност за огромниот труд на сите вработени во Државниот завод за статистика, Комисиите за пописните реони и до сите реонски инструктори и попишувачи, до медиумите, донаторите, државните институции, невладините организации, агенцијата за медиумска промоција на Пописот, но, пред сè, огромна благодарност до сите граѓани кои ја препознаа важноста на Пописот, ја остварија својата законска обврска и со попишувањето дадоа придонес за својата иднина и за иднината на своите поколенија. Затоа што, всушност, Пописот зависи од сите нас и е за сите нас. – рече директорот на Државниот завод за статистика.

И сега за податоците што ги прибравме во текот на попишувањето:

Со Пописот во земјата се попишани вкупно 1 832 696 лица, 568 175 домаќинства и 837 255 станови.

Со примената на комбинираниот пописен метод и со користењето на новите техничко-технолошки алатки, се овозможи ефикасно следење на попишувањето и опфатот на единиците на попис на терен.

Изразено во бројки, тоа значи дека:

Од опфатените објекти за живеење, 91 % беа предмет на попис;
9 % се објекти кои не беа предмет на попис;
Сите објекти кои беа предмет на попис беа посетени по неколку пати. Онаму каде што по неколкукратните обиди не се оствари контакт со граѓаните, тие беа повикани да се попишат во седиштата на општините. Оние кои и тоа не успеаја да го направат, сепак ќе бидат дел од Пописот бидејќи се очекува да ги има во некоја од базите кои ќе се користат при обработката на податоците, така што со сигурност знаеме дека целосно и успешно го опфативме населението кое во овој момент живее во државата.

Овие показатели укажуваат на фактот дека целата активност е спроведена во рамките на очекуваното особено со оглед на тоа дека 20 години немаме пописни податоци и немавме точна претстава со што ќе се соочиме на терен.

Во однос на попишувањето на дијаспората, вкупно се самопопишаа 204 805 македонски државјани и тоа најмногу од западноевропските земји, а многу помал број од прекуокеанските земји.
Вкупно резидентно население според изјаснувањето за етничка припадност.

Македонци 58, 44%

Албанци 24,30% – соошти Симовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.