Помалите штипски пекари ја намалија цената на лебот и до пет денари

Намалена е цената на лебот во одредени штипски пекари, откако Владата и официјално ја замрзна цената на 33 денари.

Николче Малинов, сопственик на пекарата „Штипски сокак“, вели дека одредени пекари ја имаат намалено цената на лебот за пет денари, а рафтовите на пекарите не се празни.

-Ние го намаливме лебот и од денеска се продава по цена од 30 денари и леб ќе има. Ние не се приклучуваме кон заканите. Леб ќе има, вели Малинов.

Леб и пецива има и во останатите пекари во Штип, како и во супермаркетите. Мерката на Владата за замрзнување на цената на лебот на максимални 33 денари ќе важи до крајот на мај.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.