Полска може да ја напушти Европската унија поради планот на власта да дозволи судиите да бидат отпуштани ако го доведат во прашање легитимитетот на владините правосудни реформи, соопштија од Врховниот суд.
Во соопштението се истакнува дека тие планови се во спротивност со европските закони и дека ги зголемуваат веќе постоечките тензии меѓу Брисел и владеачката партија во Полска.
“Спротивноста меѓу полското и европското законодавство веројатно ќе доведе до интервенција на институциите во ЕУ во врска со кршење на договорот во рамките на Унијата и на долг рок ќе доведе до тоа Полска да мора да ја напушти ЕУ”, истакнуваат од Врховниот суд.
ЕУ ја обвинува владеачката ПИС за партизација на правосудството, откако во 2015 година оваа партија ја доби власта во државата.