Полска одбива да игра против Русија на баражот за Мундијалот

Поради нападот на Украина, Русите се избркани од сите натпреварувања, а новите ударни фудбалски вести би можеле да создадат големи проблеми за Руската репрезентација.

Русија треба да игра против Полска во баражот за Светското првенство на 24 март, но во моментов се чини дека тој меч нема да се одигра.

Полјаците се решени да не излезат на терен против играчи од Русија, а за тоа на Твитер напиша Цезар Кулеса, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Полска.

Тој рече дека во се се вклучени репрезентациите на Шведска и Чешка кои ја сочинуваат втората полуфинална двојка.

– Време е да преминеме од зборови на дела. Поради ecкалацијата на руската агpeсија против Украина, полската фудбалска репрезентација нема намера да игра бараж натпревар на Светското првенство против Русија. Тоа е единствената правилна одлука. Разговараме со репрезентациите на Шведска и Чешка за да презентираме јасен заеднички став пред ФИФА – изјави Кулеша.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.