Помина половина од мај, а најсјајната и импресивната градска фонтана во центарот ни остана сува. Жеден е за вода овој урбан декор.
Полуотворената заштитна цирада уште не е отстранета. Иако фонтаната им е под пенџере на надлежните, тие не се охрабруваат да најдат ,,сили и марифет,, да го активираат танцот на водата низ млазевите дење. Ниту ноќната авантура на колоритите на фонтаната не блеска.
И останатите фонтани се суви или полни со ѓубре. Не функционираат. ниту Карпалак, ниту пред Стопанската банка, а козјнае што се случува со фонтана на Паркот на револуцијата.
Дали можеби и овие водоскоци ке завршат како онаа на делот од улицата ,,Димо Наредникот,, и ќе бидат пополнети со земја, а во нив ќе се засади цвеќе. Можеби е подобро да бидат жардињери со цвеќе, отколку контејнери за отпад.
Извор: “Неделник Зенит”