Во Прилеп денеска беше поставен камен темелник за автопатската делница Прилеп – Битола на Коридорот 10д, една од четирите делници предвидени за изградба со Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.
На настанот главен збор имаше Артан Груби, кој денеска се „ребрендираше“ со нова маица со натпис „10Д“.
– Автопатот не може да го спречи ни Мицко, ни Свети Мицко. Делницата ќе се заврши и по неа ќе возат граѓаните. Дојдено е крај на заложништвото на граѓаните и на иднината на Република Северна Македонија. Тоа нема да се толерира и се демонстрира дека е дојден крај, порача Груби.
Претходно Груби на 4 април „тематски“ се облече во знак на Коридорот 8, кога беше удрен првиот камен-темелник во Тетово.
На настанот се обратија и премиерот Димитар Ковачевски, потоа Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Ејуп Рустеми, директор на Јавно претпријатие за државни патишта, Ерик Мајер, вршител на должност на амбасадата на САД во Република Северна Македонија, Хасан Мехмет Секизќок, амбасадор на Република Турција, Џастин Сиберел, претседател на „Бехтел и Енка“ за Европа, Африка и Блискиот Исток.