Потполно оригинален автомобил од марката „Шевролет Корвета“ од 1963 ггодина е случајно откриена откако повеќе од половина век бил паркиран и некористен.
Продавач на класични автомобили во Вашингтон, рекол дека тој случајно го спасил автомобилот кој бил оставен под куп со ѓубре, додека проверувал сосема друг автомобил.
„Автомобилот е опремен со мотор од 300 коњски сили, автоматски менувач и оригинални стакла.Оригиналната боја на автомобилот била сребрена, но е исфарбан зелен, уште пред да му биде испорачана на првиот купувач“ рекол експертот.
Продавачот нагласил дека ќе биде потребана реставрација на автомобилот, но иако е потребно многу труд овој автомобил може да се продаде џза 150.000 долари.