Во најрадосно исчекување на утрешните Бадникови поворки и во пресрет на Празникот на светлото Христово Раѓање, време е да ви ги растрепериме душите. Време е да го исполниме ветувањето и да ви ја подариме најново возобновената божикна песна “Христос се роди денес” овој пат посветена на возрасните. Искрено се надеваме дека тие, гледајќи го спотот, навистина ќе посакаат да ја прифатат возобновата на древните божикни традиции со кои побожно се славело Рождеството Христово – напишаа под видеото за најновата возобновена Божиќна песна од Здружението “Бадникови поворки”.
Во оваа пригода, дозволете ни да изразиме и бескрајна благодарност до Бигорскиот манастир со чиј благослов и соработка го изработивме овој и сите претходни проекти, како и до маестро Владимир Димовски за аранжманот на музиката; до оркестарот музичари: виолина – Владимир Костов, Елена Талевска, Петар Тасески, Ѓоргина Поповска, Марија Јанчулеска, Владимир Цветковски, Коста Андоновски, Бранислав Автовски, Момчило Куфојанакис, Игор Милевски; виоли – Марија Димитријевиќ, Александар Стојчевски, Александар Лаовски; виолончело – Кирил Јосифов, Паскал Краповски, Љупка Манчевска Каевиќ; контрабас – Митко Иванов; кларинет – Петар Христов, канон – Тимко Чичаковски; харфа: Симона Богоевска. Диригент и синтисајзер: Иван Еминовиќ.
Режијата, монтажата и продукцијата на видео записот беа во рацете на Даниел Јовески; песната е во изведба на Вера Милошевска и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, а е снимена во студио „Фаме’с“, микс – Игор Василев и едит – Теодора Арсовска. До сите нив неизмерна благодарност, почит и љубов.
Во севкупното остварување на овој проект учествуваа над 80 души, меѓу кои и познатите македонски актери: Јоана Поповска, Дубравка Киселички, Владо Јовановски, Горан Илиќ, Љупчо Бојковски, Владо Дојчиновски. Прекрасната костимографија ја направи Жаклина Крстевска Караѓозоска, а за шминката се погрижија Викторија Бурсак и Маргарита Миновски.
Освен на сите гореспоменати учесници, кои несебично и со многу љубов се вложија во ова дело, би сакале најтопло да им се заблагодариме и на многубројните помагатели: Владимир Анастасов, „Ноа бар“, Општина Охрид, Музеј на град Охрид, МВР Скопје, СВР Охрид, Пекарница „Жито Леб“, хотел „Нова Ривиера“ со директорот Јане Тодоровски.