Екипата на ЖРК Пелистер продолжува да се засилува за новата сезона, па откако во своите редови ја донесе голманката Дона Маркоска, сега битолчани ростерот го засилија и со прилепчанката Ангела Камческа.
Се работи за 19-годишна ракометарка која игра на десната бековска позиција, а одлична е и како десно крило.
Камческа досега настапуваше за прилепскиот прволигаш ЖРК Деспина, каде сезонава беше една од најдобрите поединки во тимот.
Камческа со Пелистер потпиша договор на една сезона.